Осака ја прекина соработката со Муратоглу


Париз– Јапонската тенисерка Наоми Осака (27) одлучи да ја прекине соработката со познатиот француски тренер Патрик Муратоглу.
„Ти благодарам Патрик. Беше одлично искуство да се учи од тебе. Ти си еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознала и сигурна сум дека ќе се сретнеме повторно“, објави четирикатната грен слем шампионка.
Осака и Муратоглу ја почнаа својата соработка во септември лани со намера да ја вратат јапонската тенисерка на светскиот врв по долгата пауза поради мајчинството. Осака во моментов е рангирана на 49 место на ВТА листата, а годинава има освоено само еден турнир, во Сен Мало во мај, додека на почетокот на годината дојде до финалето во Оукленд.
„Ништо не трае вечно. Она што е важно е дека нашата соработка донесе искуство кое ќе трае вечно. Благодарна сум за она што го изградивме заедно и секогаш ќе навивам за тебе“, рече Муратоглу, кој е најпознат по долгогодишната соработка со Серена Вилијамс, која освои десет од своите 23 грен слем титули додека Французинот беше нејзин тренер