„Ролан Гарос“ нема да воведе кодекс на облекување
– Денес, производителите почнуваат да ни презентираат облека во разни бои кои ќе ги носат играчите. Ние немаме намера да забраниме ништо, рекол Форже во изјаза за „Европа 1“.
Претходно, претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гидичели рече дека организаторите ќе воведат построг кодекс за облекување и нагласи дека нема да дозволат костим како оној во кој Вилијамс ја одиграл таа година.
Американската тенисерка лани настапи во црн костим цврсто прилепен до телото предизвикувајќи многу реакции во јавноста.