Орбан ставил „вето“ на укинувањето на ветото


Претседателот на Советот, Антонио Коста, ја претстави својата идеја за гласање со квалификувано мнозинство за проширувањето пред лидерите на ЕУ – но таа брзо беше отфрлена од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Португалскиот политичар предложи промена на правилата на ЕУ, така што формалните преговори за пристапување би можеле да започнат со поддршка од квалификувано мнозинство од лидерите, наместо да се бара едногласна согласност.

„Орбан беше еден од ретките лидери што се вклучи, главно за да го отфрли предлогот“, изјавил дипломат за случувањата зад затворена врата на самитот.

Унгарскиот премиер е лидерот на ЕУ кој е најтесно поврзан со рускиот претседател Владимир Путин. Но, другите главни градови го делат неговото противење на отфрлањето на едногласноста – главно поради желбата да го зачуваат своето право на вето во Советот на ЕУ. (Политико)