Орбан ни се потсмева за укинувањето на ветото: Никако, никако, никако…

„Политико“ објави денес дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се потсмева на планот на претседателот на Европскиот совет Антонио Коста за избегнување на ветото на Унгарија, иако тоа е шанса и за Македонија да го избегне ветото од Бугарија на отворањето на поглавјата.
„Никако, никако, никако“, рече унгарскиот премиер пред новинарот да може да го заврши прашањето за планот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за измени во правилата за преговори.
„Постои законска, строго утврдена постапка како да се направи тоа“, додаде Орбан.
Тој имаше едноставен одговор и за неодамнешниот бран упади со беспилотни летала над данска територија.
„Соборете ги“, порача тој подигајќи раменици.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, предлага прилагодување на преговарачката рамка на блокот за земјите-кандидатки за да се овозможи отворање на поглавјата за пристапување со квалификувано мнозинство гласови од земјите-членки на ЕУ, наместо едногласно, вешто избегнувајќи го ветото на Унгарија. Предлогот претходно беше покренат од сојузниците на Киев и доби одобрување од Комисијата во понеделник. Но, веројатно ќе биде потребно одобрение од Будимпешта, што сега е малку веројатно дека ќе го даде.
Планот се соочува и со отпор од неколку други земји, вклучувајќи ги Франција, Холандија и Грција, и малку е веројатно дека ќе добие широко одобрување во Данска. Загриженоста меѓу овие земји е дека со промена на правилата за пристапување, тие исто така би ја ограничиле сопствената можност да ги блокираат кандидатурите за членство што ги сметаат за проблематични.
Орбан инаку е единствениот политички сојузник на премиерот Христијан Мицкоски и дури му подметна грб за кинеската милијарда, што би било нелогиен непријателски гест за Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да ја однесе Македонија во Унијата. Прашањето едноставно е – зошто не прават ништо Орбан да ја смени позицијата за укинување на ветото бидејќи корист ќе има и Македонија?