Орбан ќе се сретне со Трамп


САД – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за трговски и енергетски прашања, вклучувајќи и продажба на оружје.

Американски официјални претставници изразија загриженост поради антисемитизмот во цела Европа, вклучително и во Унгарија, и поради ставот на Орбан против мигрантите, јави ДПА.

Тие изјавиле дека Трамп ќе изрази загриженост во врска со европската зависност од руската енергија и за „вечните“ прашања во  врска со сојузниците на НАТО кои не ги исполнуваат целите за трошоци во одбраната.

Американскиот претседател, исто така, ќе дискутира и за загриженоста околу кинеските телекомуникациски компании кои ќе добијат пристап до европските пазари, кои Вашингтон ги смета за закана за безбедноста.