Општина Пехчево го решава проблемот со кучињата скитници
Во Пехчево зголемена појавата на бездомни кучиња. Од Општината информираат дека сé поизразен е и проблемот со нерегистрираните и регистрираните кучиња кои слободно шетаат по улиците на градот и претставуваат опасност по животот и здравјето на населението.
Со цел, разрешување на проблемот од локалната самоуправа истакнаа дека се превземаат законски мерки и активности предвидедени во Планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња.
-Заловувањето на бездомните кучиња, односно нерегистрираните кучиња и регистрираните кучиња ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма за заловување на кучиња од Куманово. Истото ќе се врши со хуман третман кој подразбира згрижување и заштита на животните, со што ќе се подобри безбедноста и здравјето на граѓаните на општината. Во наредните денови ќе се отпочне со заловување на сите кучиња што ќе се затекнат на јавни површини, истакнаа од локалната самоуправа.
Паралелно, како што додаваат ќе се отпочне со активности и превземање на мерки од страна на комуналните редари, при што секое куче што ќе се забележи слободно без сопственик и врзано со каиш да шета по улици, на јавни и сообраќајни површини во општина Пехчево ќе биде сликано и во соработка со ветеринарната станица и полицијата ќе се применат пропишаните законски мерки.
-Да напоменеме и тоа дека согласно одлуката за комунален ред на Општина Пехчево, сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места. Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш. Сопственикот на кучињата е должен сместувањето и чувањето на кучињата да го уреди на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите и на видно место (на влезот во дворот) да постави табла за известување дека сопственикот чува куче, додадоа од Општината.
За непочитувањето на одлуката за комунален ред на Општина Пехчево и другите закони од Општината највени се и соодветни законски казни. Тие информираа дека трошоците за заловување и третман на регистрираните и нерегистрираните кучиња ќе бидат на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на бездомни кучиња товарот паѓа на Општина Пехчево.