Општина Охрид за едни мајка, за други маќеа – не отстранува паднат бор во населбата Далјан
Во невремето што гоз афати Охрид на 22 ноември, во наслебата Далјан паднал бор, кој оштетил и едно возило, но за среќа нема повредени. Пет дена подоцна, жители на оваа охридска населба велат дека пожарникарите кои дошле се прогласиле за ненадлежни, а општината ги тера сами да си го отстранат паднатиот бор.
„На 22.11.2025 во населбата Далјан на улицата Сатеска бр.40 од невремето се откорна огромен повеќе тонски десет метарски бор кој се наоѓаше на државно земјиште и падна на паркирано возило за цела среќа немало пешаци бидејќи тоа е пешачка зона по која се движат станари на зграда со три влеза инаку ќе имаше и човечки жртви, веднаш беше повикана пожарникарска служба за итно да се реагира но истата се прогласи за ненадлежна за тоа и си замина, потоа веднаш беа повикани и претставници од Општина Охрид и од општинското претпријатие „Комуналец“ кои наместо итно да реагираат и да го отстранат паднатото масивно дрво кое ја има смачкано колата истите си заминаа без да дадат конкретен одговор дали ќе го отстранат дрвото или пак кога ќе го сторат тоа“, велат жителите во соопштение што го испратија до медиумите.
Појаснуваат дека пред неколку години на истата локација паднал бор по што претставници од Општина Охрид ги обележале и останатите борови како опасни и дека мора истите да се отстранат, но досега тоа не се случило.
Борот кој паднал се наоѓа на земјиште во сопственост на Република Македонија.
„Срамота е Општина Охрид да не им помага на жителите на приградските населби во услови на елементарна непогода, пред некој ден падна исто такво дрво во центарот на градот и Општината со помпа и телевизии го кренаа истиот ден да покажат колку се ефикасни, а нас ни велат сами да си го отстраниме бидејќи сме на периферија од градот и никој не гледа“, додаваат од таму.
Силен ветер урна дрво на Кеј Македонија во Охрид – интервенираа екипите на „Комуналец“