Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот


Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот, која функционира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата.

– Успесите и активностите на Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Задоволство и предизвик е да се работи и соработува со најдобрите од регионот, а со една заедничка цел, да креираме политики кои водат кон подобар и поквалитетен живот за нашите сограѓани, сподели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. 

Тој информираше дека општината како активен партнер, ќе учествува во работните групи како платформа за размена на идеи и постојни решенија на локално ниво, спроведување на заеднички студии, како и размена на најдобрите практики и работа на заеднички проекти.

– Кисела Вода стана дел од мрежата по претходно добиеното писмо од мојот драг колега Костас Бакојани, градоначалник на Атина, со што ме информираше дека Кисела Вода и официјално е дел оваа мрежа за градење силно и трајно партнерство. Благодарност до градоначалникот Бакојанис, претседател на Б40 мрежата за овој мандатен период и постојаниот секретаријат во Истанбул, вели Ѓорѓиевски.