Општина Кисела Вода дава субвенции за поставување нови и санација на постоечките лифтови


Илустрација
 
Денеска распишaни се два јавни повика со кои се предвидува финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови, како и за поставување нови лифтови во колективни станбени згради на територија на општина Кисела Вода.
 
„Се среќаваме со мајки што секојдневно го носат бебето и количката по неколку ката, со пензионери што ретко излегуваат затоа што немаат како да се симнат, со лица со попреченост кои живеат во изолација поради нефункционални лифтови. Тоа е реалноста што сакаме да ја менуваме. 👷 Преземаме конкретни мерки, решаваме системски, вложуваме таму каде што другите со децении не ни погледнале“, велат од Општина Кислеа Вода.
 
Првиот повик се однесува на санација и поправка на постоечките лифтови.
Преку оваа програма, ќе се обезбеди финансиска помош за делумен финансиски надомест на трошоците што ги направиле заедниците на сопственици и управителите на згради при санацијата на лифтовите.
Поддршката ќе изнесува до 30% од вкупната вредност на санацијата, но не повеќе од 200.000 денари по влез, а вкупниот буџет за оваа мерка изнесува 600.000 денари.
Средствата се предвидени преку Програмата на секторот за Местна самоуправа во буџетот на Општината.
Вториот повик се однесува на финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени згради.
За таа намена, за 2025 година се предвидени 2.000.000 денари, а поддршката ќе изнесува до 50% од вкупната вредност на проектот, но не повеќе од 500.000 денари по влез.
За двата повика, право на учество имаат сите влезови поединечно кои имаат регистрирана заедница на сопственици или избрано правно лице – управител, согласно Законот за домување. Апликантите треба да достават целосна документација, вклучувајќи барање, имотен лист, одлука за учество со сопствени средства (потпишана од најмалку 50% плус еден сопственик), договор со изведувач и надзор, како и други релевантни документи. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на предвидените средства.
„Ги повикувам сите станарски заедници и управители да се пријават на овие повици и заедно да направиме зградите да бидат безбедни и достапни за сите“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Критериумите и потребната докумантација, како и сите детали околу двата повика се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода, на следните линкови: