Општина Карпош доделува пластични канти за селекција на отпад за домаќинства

Општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на Карпош
Ова е линкот: https://shorturl.at/kr4J3 каде може граѓаните да го видат јавниот повик
„Барање за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на Општина Карпош Линк: https://shorturl.at/xpkn2
Потребни документи и услови за учество физички лица
– Пополнето Барање (достапно во Архивата на Општина Карпош и електронски преку веб – страната на Општина Карпош);
– Копија од последна сметка за вода;
– Лична карта (на увид)“, се вели во соопштението на општината.