Општина Карбинци најдобра во капитални инвестиции


Општина Карбинци е една од водечките општини во Истокот и во првите 15 општини во државата согласно висината на капитални инвестиции.

Според истражувањата на Институтот за комуникациски студии изминатата година има склучено 33 договори вредни 1.350.000 евра. Споредбено се наоѓа речиси на исто место со Општина Кочани, која има потрошено 1.385.000 евра и има над 24 илјади жители.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, денеска изјави дека ова е доказ оти парите се трошат рационално и за потребите на граѓаните.

-Она што е импозантно за Општина Карбинци како една од помалите општини во државата е дека имаме реализација на некаде 1.350.000 илјади евра во претходната година и некаде околу 30 склучени договори не прави водечка општина, вели Паунов.

Училишната зграда во село Таринци, патниот правец од село Таринци до село Долни Балван, резервоарот за вода се дел од капиталните проекти кои можат да се издвојат како реализирани минатата година. Паунов посочи дека продолжуваат со исто темпо на работа и во периодот кој следи и реализирање на потребите на граѓаните. Во Општина Штип согласно истражувањата реализирани се најмногу однонсно 89 договори и потрошени над 4.800.000 евра.