Општина Гази Баба ќе субвенционира поставување на сончеви термални колектори
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово информираше дека Општината објавила Јавен повик за субвенции за сончеви термални колектори.
„Општина Гази Баба ги повикува жителите да аплицираат за надоместување на дел од трошоците за набавка и вградување на сончеви термални колектори, истакна Стефковски, додавајќи дека се надоместуваат 50% од трошоците, но најмногу до 15.000 денари по домаќинство.
Право на учество имаат жители на општината кои ќе купат и инсталираат систем во текот на 2026 година.
Повикот трае до 30 ноември 2026 година или до исцрпување на средствата.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба.
Повеќе информации, услови и потребна документација на линкот од јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-nadomestuvanje-na…/
„Искористете ја можноста да инвестирате во обновлива енергија и да заштедите на трошоците за енергија“, порача градоначалникот.