Општина Гази Баба доделува 2.500 денари за пензионери со ниски пензии

Пензионерите жители на Општина Гази Баба имаат можност да се јават на Јавениот повик за доделување на финансиска поддршка на пензионери со ниски пензии, во насока на подобрување на нивната социјална и економска сигурност.
Услови за учество на јавниот повик:
–Апликантот да биде жител на Општина Гази Баба;
–Да биде примател на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (право на социјална сигурност);
–Висината на пензијата да не надминува 23.000 денари месечно.
Потребна документација:
–Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
– Фотокопија од лична карта;
– Фотокопија од трансакциска сметка;
–Чек од банка за последна примена пензија;
– За корисници на социјална пензија: Потврда или Решение издадено од надлежниот Центар за социјални работи (ЦСР Гази Баба).
Рок за поднесување на барања:
Од 06.05.2025 до 20.05.2025 година, или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
За оваа намена, Општина Гази Баба има обезбедено вкупен буџет од 7.695.000,00 денари.
Пензионерите се темелот врз кој е изградена нашата сегашност – со нивната работа, мудрост и пожртвуваност, наша обврска е да се грижиме за нив!, велат од општината.