Општина Центар започна со спуштање на надземната мрежа од уличното осветлување


мната мрежа од уличното осветлување и електричните кабли на улицата „Партение Зоографски“ долж улицата „Тасино Чешмиче“, заедно со пропратните улици на тој опфат.

-Изведуваме модернизирање на инсталациите со цел да ја промениме онаа грда слика на стари дрвени бандери на кои висат кабли. Сите сме сведоци дека со текот на времето истите се навалуваат до степен што некогаш каблите се на дофат на децата. Тоа не смееме да си го дозволиме затоа започнуваме со инфраструктурните зафати со кои ќе бидат опфатени девет улици на потег од улицата „Партение Зоографски“ до улицата „Тасино Чешмиче, изјави Герасимовски.

Општина Центар информира дека за потребите на овој инфраструктурен зафат, во следниот период  ќе се работи на места каде што ќе бидат извадени бекатон плочките на тротоарите и ќе бидат непроодни за пешаци. Општината повикува на трпение со цел непречено одвивање на работата.