Општина Центар ќе гаси дел од уличните светилки
Општина Центар од вчера вечер започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија препорачани од Владата.Притоа, на одредени локации ќе се гаси дел од уличното осветлување, со што ќе се зголеми заштедата на електрична енергија, водејќи сметка да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во општината.
-Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија, нагласуваат од Општина Центар, додавајќи дека во наредните денови ќе бидат соопштени и останатите мерки кои ќе се спроведуваат со цел намалување на потрошувачката на струја и заштеда на средства во општинскиот буџет.