Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградбата на Шпански скали
Согласно Договорот за отуѓување на земјиштето склучен 11.11.2013 година помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје за изградба на тн. „Шпански скали“., Амадеус Девелопмент биле обврзани да добијат одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.08.2014.
Општина Центар сепак, на Амадеус Девелопмент им издава одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување.
Согласно одобрението, Амадеус Девелопмент имале рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021.
Со решение од 12.5.2020, градоначалникот Богдановиќ го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на Амадеус Девелопмент до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована, затоа што биле должни да почнат со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу 2 години од правосилноста на одобрението.
Согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар.
До Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје, доставена е изјава за едностраното раскинување на договорот и активирана е банкарска гаранција со која во општинскиот буџет се вратени 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра.