Општина Центар го објави повикот за „Нешто што ќе остане“


 Општина Центар го објави повикот за музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, со вкупен буџет од 1.840.000 денари.

Организаторите, според повикот, треба да понудат четиричасовна програма со реномирани македонски бендови, соло изведувачи или забавни групи, како и водител со соодветно искуство за ваков вид настани. Дополнително, потребна е и целосна техничка и логистичка поддршка за концертот.

Право на учество имаат регистрирани здруженија, организации и правни субјекти со седиште во Општина Центар – Скопје, кои делуваат во областа на културата, уметноста и маркетингот, а рокот за пријавување е седум дена од денот на објавување на повикот.

-И оваа година ветуваме добар ритам, позитивна енергија и изведувачи кои вреди да се слушаат. Под отворено небо, во Паркот на франкофонија сите заедно ќе уживаме во македонскиот звук, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Апликациите се поднесуваат лично во Архивата на Општина Центар или по пошта, на адреса: Општина Центар – Скопје, Сектор за јавни дејности / Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје.

Датумот на одржување на „Нешто што ќе остане“ ќе биде дополнително објавен. Повеќе информации може да се прочитаат на на https://www.centar.gov.mk/?p=25930