Општина Бутел слави 20 години, градоначалникот најавува луда забава

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја најави најголемата забава во историјата на општината, по повод две децении Бутел.
– Ми претставува особена чест да ве поканам на роденденската недела по повод 20 години од формирањето на Општина Буте! Започнуваме на 6 јуни а ќе завршиме на 14 јуни на повеќе локации во нашата општина. Во овој период ќе организираме голем број забавни и спортски манифестации за сите генарации со најголем акцент на нашите најмали жители, на нашата иднина! – порача Костовски и најави дека наскоро ќе има детали за сите настани.
20 години наша општина Бутел, 20 години наш дом и наша иднина. Тука заедно растеме, тука заедно создаваме! Тука заедно градиме! Заедно ќе останеме да ја направиме Општина Бутел, модерна, безбедна просперитетна општина за сите мои сограѓани! Дојдете заедно да уживаме! – се наведува во поканата до граѓаните.