Општина Аеродром со апел до граѓаните
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/09/havarisano-vizilo.jpg)
Општина Аеродром апелира до сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.
Во спротивно, како што информираа од општината, сите овие возила кои се паркирани на плочници и тревници ќе бидат отстранети од надлежните служби.
– Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина, велат од Општина Аеродром.