Општина Аеродром реагира на Ангелов: Ова не е Твитер и кршење ќерамиди, Град Скопје е надлежен
Измешани термини, поими и надлежности. Ова е единствениот впечаток од денешната прес конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој наместо да ја врши работата што согласно законот треба да ја извршува оваа институција, тој во јавноста пласира невистини и неточни информации и ја префрла одговорноста.
Доколку Ангелов ги познаваше законите ќе знаеше дека обврска на институцијата која тој ја води е да ги координира надлежните институции во процесот на управување со кризи. Координација помеѓу државните институции подразбира писмена комуникација, активна соработка и редовни состаноци, а не прес-конференции и јавни паради. Дополнително, Директорот на ЦУК треба да знае и дека надлежност за решавање на проблемот кој тој го посочи има исклучиво градот Скопје, реагираат од Општина Аеродром по пбелоденувањето на проблемот на Кеј, кај хотел „Русија, од страна на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тие пак, бараат одговор од Ангелов зошто неговата институција не презеде никакви активности при последните обилни дождови кои неодамна ја зафатија Општина Аеродром, чии граѓани беа најпогодени, како и за обесштетувањето на граѓаните кои претпреа материјални штети од последното невреме.
– Ова не е твитер и кршење керамиди. Станува збор за проблем, кој треба да го реши градот Скопје, а решавање го координира Центарот за управување со кризи – велат од таму.