Општина Аеродром ќе субвенционира чистење оџаци


Општина Аеродром утре ќе објави јавен повик за субвенционирање за чистење оџаци.

Општина Аеродром информира дека јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето, односно од 27 септември до 11 октомври 2019 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За користење на мерката субвенционирање за чистење оџаци, граѓаните треба да се жители на Аеродром или сопственици на станбен објект на подрачјето на општината. Право да поднесе барање за добивање надоместок има само по еден член на секое семејство, при што чистењето на оџакот треба да е извршено од стручно лице вработено во фирма што е регистрирана со шифра на дејност 81.22 согласно со Националната класификација на дејности. Поднестителот на барањето треба да поседува оригинал потврда и оригинал фискална сметка за извршено чистење на оџакот.

Заинтересираните граѓани треба да ги поднесат Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром www.aerodrom.gov.mk ), Доказ за жителство на Општина Аеродром;,Фотокопија од важечка лична карта или пасош, Фотокопија од трансакциска сметка или жиро-сметка за правен субјект, кој исто така треба да достави и Тековна состојба не постара од шест месеци. Барањето се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за чистење оџаци“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.