Општина Аеродром ја одбележа годишнината од раѓањето на Јане Сандански


Денеска се навршуваат 149 години од  раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански. 

По тој повод, делегација на Општина Аеродром положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“ во истоимената населба. Во одбележувањето се приклучија претставници од Советот на Општината предводени од претседателката Ивана Цветковска, директори од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“. 

Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани.