Општина Аеродром изрече глоба за депонирање кабаст отпад до контејнери
Утрово, инспекторите на општина Аеродром изрекоа глоба за депонирање кабаст отпад на булеварот „Јане Сандански“.
Општината Аеродром и инспекциските служби се активни на терен, водејќи смета за одржување чиста и средена општина. Во изминатиот период во неколку наврати Општина Аеродром упатуваше апели чија цел беше едукација и подигнување на свеста за граѓаните за депонирање на отпадот, со посебен акцент на кабастиот отпад.
Чиста и здрава животна средина е императив кон кој се стремиме сите. Граѓаните и компаниите со поддршка на локалната самоуправа имаат обврска да придонесуваат во остварување на оваа цел. Општината Аеродром и понатаму ќе остане посветена во активностите за заштита на животна средина. Дел од тие активности се и изрекување санкции за сите оние кои не ги почитуваат законите.
Апелираме до граѓаните на совесни и одговорно однесување. Само така ќе имаме чиста општина и убав Аеродром.