Општина Аеродром ги вклучува пензионерите во одржување на маалата


Пензионерите кои седат дома и најчесто шетаат во блзина на своите живеалита, имаат можност да се вклучат во одржување на зеленилото, во одржување на хигиената и во чистење на јавните површини, а Општина Аеродром тоа ќе го награди. 

Оваа пракса, позната од порано, но прекината повеќе години, продолжува во Аеродром, откако беше изгласана на минатата седница. 

Денеска пак, Општина Аеродром ги повикува пензионираните сограѓани да се вклучат во вршење јавни работи во текот на 2025 година. Пензионерите, што ќе се пријават, ќе добиваат дневница од 850 денари.

Доколку сте пензионер и сакате да придонесете за почиста и поурбана општина, пријавете се!
Ангажманот вклучува:
– одржување хигиена
– уредување зеленило
– чистење јавни површини

Пријавата е достапна во Архивата на ЈП Комунални дејности или на:
 www.aerodrom.gov.mk (дел „Граѓани – Формулари“)
Пополнете пријава директно тука http://skr.rs/z0JN