Општина Аеродром ги прашува граѓаните каде да сади дрвја


Општина Аеродром денеска објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември.

– Се повикуваат граѓаните до 10.11.2019 година да даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на Општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени – стои во соопштението.

Граѓаните ќе можат да ги даваат своите предлози на следниов линк:https://bit.ly/2q4ew0n

Предлозите ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.

Општина Аеродром за есенското садење дрвја има обезбедено околу 3.000 различни вида зимзелени и листопадни садници, а во изминатата година на територијата на Општината беа засадени над 2.000 високостеблести дрвја.