Општина Аеродром ќе донира 2.500 евра за украинскиот народ


Осудувајќи ја ја агресијата врз Украина и изразувајќи солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина Општина Аеродром одлучи да му донари 150.000 денари (2.500 евра) на украинскиот народ.  за оваа донација одлука донел Советот.

Во соопштението на Општина Аердором, сепак, не се наведува дека агресорот што ја изврши инвазијата е Русија, но се наведува секаков вид на агресија и воена интервенција не им е место  во 21. век.

Општина Аеродром помага во рамките на своите можности, се нагласува во соопштението.