Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче


Фото: Б. Богдановска

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата
чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во
висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025
година.

Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво
одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата
на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од
матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа
на барателот.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се
пополнат можат да се најдат на следниот линк:

http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari