Општина Аеродром доделува по 8.000 денари за новороденче
На 31 март истекува рокот за парична помош од 8 000 денари за новороденчиња родени 2020 година, а Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека треба да го запазат рокот за доделување еднократна парична помош.
Општина Аеродром ја зголеми паричната помош од 5 000 на 8 000 денари за секое новороденче.
Потребни документи за аплицирање:
1. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето);
2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа;
4. Фотокопија од Решение за посвојување/адаптација (за семејства што посвоиле дете).
5. Барање за доделување еднократна парична помош што може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Со помошта од 8.000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни тошоците на родителите, а грижата за најмладите останува врвен приоритет.