„Опен АИ“, која стои зад „Чет ГПТ“ проценета на 29 милијарди долари
„Опен АИ“ (OpenAI), истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција која стои зад четботот „Чет ГПТ“ (ChatGPT), е во преговори за продажба на постојните акции во тендерска понуда со која компанијата би се проценувала на околу 29 милијарди долари, објави Волстрит журнал.
Во извештајот се додава дека договорот е структуриран на таков начин што фирмите за ризичен капитал Thrive Capital и Founders Fund ќе купуваат акции од постојните акционери, како што се вработените. Договорот ќе привлече инвестиции од најмалку 300 милиони долари во продажба на акции.
Илон Маск, милијардер и извршен директор на „Тесла“, основал истражувачка организација со инвеститорот Сем Алтман.
Корпорацијата „Мајкрософт“, која инвестираше 1 милијарда долари во OpenAI во 2019 година, работи на покренување на верзија на својот пребарувач Бинг користејќи ја вештачката интелигенција зад сега веќе виралниот „Чет ГПТ“.
Четботот на „Опен АИ“ е софтверска апликација дизајнирана да имитира разговор сличен на човекот врз основа на кориснички прашања и може да одговори на широк спектар на прашања со имитација на човечки стилови на говор.
Фирмата очекува бизнисот да расте и организацијата очекува приход од 200 милиони долари следната година и 1 милијарда долари до 2024 година.