По долги години „доминација“ на телевизиите во информирањето на граѓаните за политички теми, перцепција создадена главно со погрешно насочување на испитаниците во анкетните прашалници, ЕВРОМЕТАР 2023 конечно го потврди она што е општо познато и без анкети – дека граѓаните доминантно за сите теми, вклучително и за политичките, се информираат преку интернет.

Како што додаваат од „Плусинфо“, уште анкетата на Евростат за 2021 година покажа дека мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ.