О’Нил: Австралиската Влада работи да одговори на кибер нападот врз пристаништата


 Австралиската министерка за внатрешни работи Клер О’Нил денеска изјави дека Владата работи на тоа да одговори на кибер инцидентот што го принуди интернет операторот DP World Australia да ја прекине работата на пристаништата во неколку австралиски држави.

О’Нил напиша на платформата „Икс“ дека Националниот координатор за кибер безбедност го раководи одговорот на кибер инцидентот.

Портпаролот на операторот DP World Australia денеска изјави дека сè уште не е обновен интернетот во погодените пристаништа.