ОН загрижени поради тензиите меѓу Србија и Косово


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е загрижен поради тензиите помеѓу Белград и Приштина и ги повика сите страни да се воздржат од запалливи изјави и провокации што би можеле да предизвикаат немири.

Тој го напиша тоа во најновиот извештај што треба да биде презентиран пред Советот за безбедност на ОН на 10 јуни и побара без одложување да се отстранат сите пречки за продолжување на дијалогот.

Според извештајот, сериозните тензии меѓу Белград и Приштина остануваат пречка за продолжување на продуктивниот дијалог и претставуваат причина за загриженост кај локалните и меѓународните претставници поради можно влошување на стабилноста, јави РТС.

Гутереш во извештајот објави дека даноците за производи од централна Србија се уште се во сила и дека српскиот претседател Александар Вучиќ најавил контрамерки ако Приштина не ги укине тие даноци.