Олмо пред заминување од Барселона

Шпанскиот репрезентативец и играчот на Барселона Дани Олмо е пред заминување од клубот. Барселона има финансиски проблеми, а поради недостаток на континуитет и честите повреди Олмо е во незгодна позиција. Ова особено што дел од играчите што му се конкуренција за позициите во екипата имаа одлична предсезона.
Во Барселона сметаат дека продажбата на Олмо би требало да биде логичен потез, пред се ако се има в предвид тоа дека често се повредува и дека потенцијален трансфер би можел на клубот да му донесе меѓу 60-70 милиони евра.
За шпанскиот репрезентативец постои интерес од неколку клубот пред се од премиерлигашот Тотенхем, екипа која сериозна е заинтересирана да го донесе во своите редови. Со заминувањето од Барселона, финансиска корист ќе има и Динамо Загреб клуб каде Олмо ја стекна вистинската афирмација.
Олмо во Барселона стигна во 2024 година одигра 39 натпревари, постигна 12 голови со седум асистенции.