Олимписките игри ѝ оддадоа почит на убиената маратонка
Организаторите на Игрите пренесоа порака на француски и на англиски јазик преку системот за јавно обраќање во спомен на спортистката која беше убиена на 33-годишна возраст.
Организацискиот комитет на Олимпијадата ѝ оддаде почит на угандаската маратонка Ребека Чептегеи, која беше убиена во Кенија откако беше жива запалена од маж што се претставуваше како нејзин партнер, на крајот од параолимпискиот маратон во неделата.
Откако последните учесници на параолимпискиот маратон пристигнаа на „Esplanade des Invalides“, околу пладне, организаторите на Игрите објавија порака на француски и англиски јазик преку системот за јавно обраќање во спомен на спортистката која беше убиена на 33-годишна возраст.
„Во спомен на неа, ве молиме учествувајте во минута аплауз“, порачаа тие, додека фотографијата на Ребека Чептегеи беше емитувана на џиновски екран над трибините.
Ребека Чептегеи, која се натпреваруваше на олимпискиот маратон и заврши на 44. место, почина во четвртокот во 5:30 часот.
Таа беше хоспитализирана во неделата, откако осомничениот, идентификуван како Диксон Ндиема Марангач, ја поли со бензин и ја запали во нејзиниот дом додека се враќаше од црква со своите деца.
Организаторите на Олимписките игри во Париз изразија „длабока огорченост и тага“.
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, во петокот изјави дека градот Париз ќе ја оддаде почит и Ребека Чептегеи со именување на спортски објект по неа.