Олимписки игри 2024 година: Ајфеловата кула ќе се поднови и ќе ја добие бојата која ја сакаше Густав Ајфел


На скоро 132 години, Железната дама ќе ја добие својата „жолто кафеава“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година. Операцијата ќе чини педесет милиони евра, програмирана за во ноември 2022 година, јави дописникот на МИА.

Посетителите на Ајфеловата кула со оглед на Ковид-19 и рестрикциите беа заменети со бојаџиите, а блесоците на телефоните со стружење на металните стругалки, бидејќи на старост од скоро 132 години, Ајфеловата кула го доживува своето најголемо дотерување во својата историја во пресрет на Олимписките игри во 2024 година.

За нејзината дваесетта кампања на боење, познатата Железна дама, една од најпосетуваните споменици во светот во ерата пред Ковида, изведбата ќе биде темелна, на јужниот лак, 19 претходни слоеви на боја до 3 мм дебелина ќе бидат извадени..

Исто така ќе биде променета бојата „Браун Ајфелова кула“ која ја краси од 1968 година зградата висока 324 метри, симбол на Париз заеднос со Нотр Дам и базиликата на светото срце на Монмартр. Кулата, која првично беше во црвена боја кога беше претставена на Универзалната изложба во 1889 година, ќе ја добие „жолто-кафената“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година.

-Тоа ќе и даде на Ајфеловата кула малку повеќе злато во времето на Олимпијадата во споредба со бојата што ја гледавме порано, подвлекува Патрик Бранко Руиво, генерален директор на Сете, претпријатието кое раководи со споменикот.

-Новата боја веќе можете да ја видите кога ќе погледнете на врвот. Не е револуционерно, но кога има прекрасно сино небо над Париз, гледаме неколку метални, сјајни ефекти, додава тој.

Реновирањето започна во 2019 година и ќе трае до ноември 2022 година. Целосното стружење на старите бои, е титанска работа со оглед на 18.000 делови поврзани со 2,5 милиони заковки. Тоа ќе чини педесет милиони евра, операцијата бараше засилен санитарен протокол за стружење со оглед на присуството на олово во претходните бои.

Покрај специфичната опрема и областите за деконтаминација, околу педесет примероци неделно се земаат од различни делови на Кулата за анализа.

Стружењето се однесува само на 2 отсто од структурата во оваа фаза и се фокусира на сводот кој гледа на Шан-де-Марс, најмногу подложен на ветер, дожд и сонце, а всушност најоштетен. Деградација која беше предвидена од Густав Ајфел, кој самиот препорача да се обновува слојот на боја на секои седум години. Темпото што се почитува оттогаш, со промена на нијанса оваа година.

-Зошто Густав Ајфел ја избра жолто-кафеавата боја? Без сомнение, бидејќи  Ајфеловата кула е како  ехо на целиот голем град Париз, град на резбан камен, варовник, подвлекува Пјер-Антоан Гатие, главен архитект на историски споменици.