Оли е победник на Сан Ремо – со оваа песна ќе настапи на Евровизија


Победник на 75-тиот фетивал на италијанската канцона „Сан Ремо“ е пејачот Федерико Оливиери, (чие уметничко име е Оли ) со песната „Глупава носталгија“ со која тој ќе настапи како претставник на Италија на годинешниот избор за Песна на Евровизија.

Годинава во текот на петте вечери, настапија 29 изведувачи, вклучувајќи ги и петмината најдобри изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кој се одржа минатата година.

„Сан Ремо“ остана доследен на традицијата: не заборавајќи ги постарите пејачи и песни, програма со современа италијанска канцона, со жива музика и интерпретација, со одлични интерпретатори, гардероби кои ќе се паметат, одличен тон и ТВ реализација.

На првата вечер беа претставени сите 29 учесници, а на втората, настапија 15 изведувачи кои се пласирале најдобро од првата вечер заедно со најдобрите пет изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кој традиционално се одржува пред „Сан Ремо“ и од каде најдобрите пет изведувачи обезбедуваат учеството на фестивалот.

На втората вечер, вниманието, освен кон натпреварувачите, беше насочено и кон Демијан Дејвид, пејачот на познатата група „Манескин“ која победи на „Евровизија“ во 2021 година.

Третата вечер беше резервирана за повторно преслушување на најдобрите 15 изведувачи.

Водители на фестивалот беа Карло Конти, како и Алесија Маркузи и Алесандро Кателан.

Инаку, Алесандро беше еден од домаќините на 66. Избор за Песна на Евровизија, кој се одржа во Торино.

На четвртиот фестивалски ден на „Сан Ремо“, кој вообичаено се нарекува „Cover Night“, пејачите самостојно или со други интверпретатори, исполнуваа свои или хитови од италиијанската и светската музичка сцена.

Победникот на годинешнинот фестивал младиот кантавтор од Џенова, Оли, кој оваа вечер ја изведе „Il Pescatore“ од Фабрицио Де Андреа. Тој беше придружуван од познатиот балкански композитор, како што го дефинираат италијанските медиуми, Горан Бреговиќ, (со неговиот Оркестар за свадби и погреби), кој бил „познат по комбинирањето на традиционалната балканска музика со модерните музички трендови“. Ова беше и најгледаната вечер, имено гледаноста беше поголема од 70,8 отсто, што значи дека во Италија фестивалот го следеле 13,6 милиони гледачи.

За публиката секогаш биле атрактивни специјалните гости. На првата вечер настапија Ноа и Мира Авад кои ја изведоа песната „Imagine“ на Џон Ленон, ѕвездата од 90-тите Лоренцо Џованоти, Дамиано Давид, пејачот на групата „Манескин“ коjа и ја донесе победата на Италија во 2021 година. Секако дека најголемо внимание предизвика настапот на групата „Дјуран Дјуран“, кои точно пред 40 години, за прв пат се појавија како специјални гости на фестивалот. Бендот настапи со нивните познати хитови, а на крај и со хитот „Диви момчиња“.

Гости на фестивалот беа и оскаровецот Роберто Бењини и фудбалерот на Фиорентина- Едоардо Бове, (кој пред два месеци колабираше за време на натпреварот против Интер и неколку дена беше во индуцирана кома), а специјалната награда за животно дело ѝ беше доделена на Ива Заники, пејачката со најголем број учества на фестивалот.