ОЛАФ бара од бугарското МВР да ги врати парите потрошени за џипови


Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара од бугарското Министерството за внатрешни работи да врати скоро 6 милиони евра во
буџетот на ЕУ заради сериозни прекршувања на условите на аукцијата за автомобили.
Од канцеларијата велат дека е можно вработените во министерството да бидат обвинети кривично за направената злоупотреба на власта, со препораката до бугарското обвинителството да спроведе истрага исто така. Министерството за внатрешни работи ги искористило парите за купување на теренски возила од складови за автомобили место нови. 

Истрагата на ОЛАФ започна во јули 2018 година по извештајот за измама и злоупотреба на средства од Европскиот фонд за внатрешна безбедност, управувани од Министерството за внатрешни работи.Европската канцеларија препорачува парите да бидат вратени и да се покрене истрага против вработените во Министерството. Министерството за внатрешни работи одби да ја коментира темата.

Станува збор за набавка на 350 теренски џипови за потребите на Министерството за внатрешни работи. Сите учесници во подготовката и спроведувањето на тендерот се испрашувани од ОЛАФ.

Европската канцеларија утврди дека Министерството за внатрешни работи извршило повреда и со промена на условите на аукцијата при што наместо теренски возила избрало да обезбеди автомобили од друга класа (џип). Истрагата е завршена со препорака да се вратат 5.948.569 евра. На бугарското обвинителство му беше советувано да размисли за отворање на кривична истрага
за злоупотреба на власт во корист на трето лице.