„Оксфам“ поради финансиски проблеми престанува со работа во 18 земји
„Оксфам“, една од водечките светски организации за пружање помош, ќе ја намали својата работа поради ограничените финансиски ресурси. Ова вклучува и целосен прекин на нејзините активности во 18 земји и затворање на 1.450 работни места.
Организацијата, која моментно работи во 66 земји и чија глобална работа е координирана преку 20 подружници во светот, преку соопштение информираше за промените предизвикани од пандемијата на Ковид -19.
Земјите што ги напушта „Оксфам“ се Авганистан, Египет, Руанда, Судан и Танзанија. По промените, организацијата физичко ќе биде присутна во 48 земји.
Организацијата започна 10-годишен стратешки план за реорганизирање на своите активности на крајот на 2018 година. Ова се случи по сексуалниот скандал на Хаити, кој предизвика глобален протест и одвлече голем број донатори кои ја повлекоа својата финансиска поддршка. Хаити е исто така една од земјите во кои „Оксфам“ ќе ги заврши своите активности.