Околу 30.000 германски туристи се заглавени на Блискиот Исток


Околу 30.000 германски туристи во моментов се заглавени на крстосувачки бродови, во хотели или на затворени аеродроми на Блискиот Исток и не можат да се вратат дома поради конфликтот.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека воена евакуација во моментов не е можна поради затворениот воздушен простор, дека владата разгледува други опции за да им помогне на своите граѓани да се вратат дома и дека сите треба да ги следат советите на германските туристички агенции и локалните власти, објавува АП.

Германското туристичко здружение ги повика туристите „итно да останат во своите резервирани хотели“ и да не патуваат сами до аеродромот или во соседна земја.