Околу 28.000 евра на комесарите, а колку добива фон дер Лајен? Се зголемуваат платите на вработените во институциите на ЕУ

Годинава платата на вработените во европските институции би можела да биде трикратно зголемена.
Околу 66.000 вработени во институциите на Европската унија од април ќе земаат повисоки плати – а ова е седмо покачување од почетокот на 2022 година.Како што објави Билд, ова е додаток за 2024 година.
Платите лани требаше да бидат зголемени за 8,5 отсто. Но, тоа беше премногу дури и за Европската комисија, па ја искористи таканаречената „клаузула за умереност“ и првично плати „само“ 7,3 проценти. Останатите 1,2 отсто ќе следат во април.
Во бирократски жаргон звучи вака: „Затоа, преостанатиот дел од годишното усогласување (1,2%) (…) ќе се применува од 1 април 2025 година“.
Минималната основна плата (без ослободени од данок) се зголемува од 3.361 евро (почеток 2024 година) на 3.645 евра од април. Највисоката плата се зголемува од 23.262 евра на 25.229 евра.
Од ова зголемување ќе имаат корист и членовите на Европската комисија.
Основната плата на претседателката Урсула фон дер Лајен е зголемена за повеќе од 2.700 евра од почетокот на 2024 година, на околу 34.800 евра месечно. Еврокомесарите тогаш ќе заработат околу 28.400 евра, односно 2.200 евра повеќе.
Како им се пресметуваат платите?
Платите на еврократите се пресметуваат по сложена формула. Се зема предвид инфлацијата во Брисел и Луксембург, како и трендовите на платите во јавните служби на земјите-членки.
Вообичаено е платите да се зголемуваат еднаш годишно, ретроактивно од 1 јули. Но, поради високата инфлација во изминатите години, беше искористена посебна одредба и дел од покачувањето беше платен веќе од 1 јануари. Затоа, од 2022 година, вработените во ЕУ добиваат повисоки плати и на 1 јануари и на 1 јули.
Оваа година може да има дури три покачувања на платите. Доколку стапката на инфлација не падне, додатокот за 2024 година прво ќе се исплати од април, по што ќе следи предвремено зголемување ретроактивно до средината на јануари, а подоцна и преостанатото зголемување од 1 јули. Ова остава простор за значителни промени во надоместокот на вработените во институциите на ЕУ во текот на целата година.