Околу 100.000 ИТ експерти ја напуштиле Русија годинава
Околу 100.000 ИТ експерти ја напуштиле Руската Федерација од почетокот на 2022 година, што е 10% од вкупниот број руски, рече министерот за дигитален развој Максут Шадаев.
Според него, 80 отсто од нив продолжиле да работат за руски компании во пријателски земји.
„Клучната мерка за која предлагаме да разговараме е да не се воведе строго ограничување за работа од далечина за таквите вработени, бидејќи тоа ќе ги поттикне да се вработат во странски компании“, додаде тој.