Оклахома го надигра Лос Анџелес Лејкерс, Дончиќ се повреди


Екипата на Оклахома Сити оствари убедлива победа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс со 139:96, а првиот играч на „езерџиите“ Лука Дончиќ натпреварот го заврши порано поради повреда. Во историјата на НБА лигата ЛА Лејкерс има само шест поубедливи порази од ноќешниот со 43 разлика.

Одличната игра на Оклахома во одбраната го ограничи Дончиќ на 12 поена, до повредата, а тој на претходните пет од седум натпревари постигнуваше најмалку 40 поени. Тој играта на напушти кон средината на третата четвртина поради повреда на левата нога.

Шеј Гилџус-Александер актуелниот МВП дуелот го заврши со 26 поени.

Резултати на ноќешните дуели: Шарлот – Феникс 127:107, Детроит – Минесота 113:108, Оклахома – ЛА Лејкерс 139:96, Портланд – Њу Орлеанс 118:106, Голден Стејт – Кливленд 111:118 и ЛА Клиперс – Сан Антонио 99:118.