ОИ 2024: Отворањето ќе биде во центарот на Париз, а не на стадион?


Тони Естанге, претседател на организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз во 2024 година, изјави 1.000 дена пред почетокот на Игрите дека планираат да ја одржат церемонијата на отворањето на Игрите на 26 јули во центарот на француската престолнина, наместо на Олимпискиот стадион, како што е вообичаено.
„Имаме уште многу работа да направиме. Имаме уште многу да се координираме, на пример, со меѓународните индустриски асоцијации, вклучително и детална програма на игрите“, рече Естанге, поранешен трикратен олимписки и петкратен светски шампион во кану во диви води, во интервју за француската јавна телевизија.

Конечниот одговор за локацијата на свеченото отворање на Игрите се очекува да биде познат до крајот на годинава, а една од предложените опции е брегот на реката Сена.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах беше меѓу оние кои ја поздравија идејата за отворање на Игрите во центарот на Париз. Во 2018 година, младинските Олимписки игри беа отворени во центарот на аргентинската престолнина Буенос Аирес, а Олимписките игри обично започнуваат со церемонија на стадиони.