„Охридско лето“ : Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски


Фестивалскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе донесе концерт на Франк Дупре Триото од Германија и изложба на фотографии од Александар Томовски.

Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, триото составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани ќе изведе дела  од Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн.

Полнисољубопитност и виртуозност, солеснотија и изразена емпатија, тројцата меѓународно познати уметници од триото на Франк Дупре лесно успеваат да ги надминат наводните жанровски граници.

Претходно, во 19 часот и 30 минути во Предворјето  на црквата „Света Софија“ ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Над кулисите“ од Александар Томовски.

Томовски е роден 1985 година во Скопје.Тој е софтверски инженер, но и фотограф и филмаџија. Изложбата, што е наменски направена за Охридско лето, се состои од 12 фотографии инспирирани од балетската игра, кои ќе бидат изложени само вечерта.