„Огнените“ од ДУИ сакаат да учествуваат во уставните промени


 

 „Огнените“ во ДУИ сакаат да бидат дел од процесот на уставни измени, иако не се поканети. Во соопштението што го испратија денес тие порачаа дека цврсто ги подржуваат уставните измени и за нив тие се приоритет над приоритетите.

-Сакајќи во овој процес да имаме активна а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската унија за интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети.

Повторуваме, непоколебливо ја подржуваме иницијативата за уставни измени, процес кој би отворил нова перспектива за земјата на патот кон интеграција во ЕУ, почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот во однос на албанскиот јазик .

Го покануваме целиот албански политички фактор да се произнесат за оваа битна тема, да ја поддржат оваа иницијатива и да бидеме обединети во овој став, бидејќи со ова се отвора ново поглавје во нашиот пат кон ЕУ, но исто така се поправа и една дводецениска неправда кон албанскиот народ во Република Северна Македонија, стои во соопштението на „Огнените“.