Официјално: Локаланите избори во Албанија ќе се одржат на 30 јуни


Повеќе нема дилема,локаланите избори во Албанија ќе се одржат на 30 јуни.

Вака пресече Изборниот колегиум на денешната седница, со потврдување на одлуката на Централната изборна комисија(ЦИК) со која се отфрла барањето на Партијата за национално единство да биде избришана од гласачките ливчиња.

На седницата лидерот на партијата,адвокатот Идајет Беќири го образложи приговорот, напоменувајќи дека уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите е објавена во Службен весник и таа е во сила и оти во услови на тензичка политика ситуација неговата партија не сака да учествува на изборите.

Од друга страна, претставникот на ЦИК рече дека оваа институција останува на одлуката што ја дала на барањето на Партијата за национално единство.

-Уредбата на претседателот е кршење на Уставот. Таа е неважечки административен акт, рече претставникот на ЦИК.

Според ЦИК партијата на Беќри не може да се избриште бидејќи веќе се испечатени гласачките ливчиња.