Одржани пензионерски спортски натпревари во Аеродром


Вчера на спортското игралиште во основното училиште „Александар Македонски“ во Општина Аеродром се одржаа 25. регионални спортски натпревари, на кои учествуваа над 200 пензионери од пензионерските здруженија од Град Скопје.

Пензионерските спортски игри, што ги организираше здружението на пензионери „Солидарност – Аеродром“ со поддршка на Општината, содржеа 5 дисциплини – трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, фрлање ѓуле, шутирање пенали на мали голчиња, шутирање кошеви и скок во далечина од место.

Станува збор за традиционални спортски игри на пензионерите што се организираат секоја година со цел да им се овозможи дружење и социјализација на оваа категорија граѓани.