Одржан инклузивен саем за прифаќање и разбирање – учениците можеа да ја доживеат реалноста на своите врсници со оштетен вид


Денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се одржа инклузивен саем посветен на прифаќање и разбирање.

Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, учениците преку активности како одење со бел стап, куцање на брајова машина и тактилни вежби ја доживеаја реалноста на своите врсници со оштетен вид.

„Овој настан нè потсети дека различностите нè прават побогати, а вистинската сила на заедницата е во заедништвото и меѓусебната поддршка, посочија од Општината.