Одржан 57. Државен шампионат во традиционално карате – кати

Во Будо центарот „Недеви“ викендот успешно беше одржан 57-от. МТКФ Државен шампионат во кати во традиционално карате.
На шампионатот учествуваа околу 90 каратисти од 15 клуба од Македонија.
Победници во кати во своите категории станаа:
сениорки: 1. Берта Милевска, 2. Јана Милевска, 3. Ива Ромевска – јуниори: 1. Матеј Мангаровски, 2. 2. Андреј Мишиќ, 3. Николај Јовановски
кадетки: 1. Камелија Недев, 2. Софија Јарчевска, 3. Екатерина Илиевска
деца 12-13 год.: Дамјан Трајковски
деца10-11 год.: Филип Недев и Срна Вапски
деца 10-11 год. (бел – зелен појас): 1. Марин Цветковиќ
деца 8-9 год.: Војдан Паламидовски
деца 6-7 год.: Тадеј Недев и Мартина Зафировска.
На 18 мај 2025 година ќе се одржи Државниот шампионат во кихон и кумите за сите возрасни категории, а на 31 мај и 1 јуни во Неа Мудања, Грција ќе се одржи 37. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца.