Одредени полуфиналните двојки во ФА Купот

Објавени се полуфиналните двојки за ФА Купот 2024/25.
Полуфинални парови во ФА Купот:
Нотингем Форест – Манчестер сити
Кристал Палас – Астон вила.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на стадионот „Вембли“ во Лондон на 26 и 27 април.
Актуелен носител на трофејот е Манчестер јунајтед. Во 2024 година Јунајтед во финалето го победија Манчестер сити со 2:1.